Ривалите на премиерлигашите бараат промена на едно важно правило во Лигата на шампионите

Дерби

20/03/2026

12:56

220

Големина на фонт

а а а

Крајот на приказната наречена „Супер лига“ повторно ја зацврсти позицијата на Лигата на шампионите на долг рок, но УЕФА мора внимателно да ги слуша клубовите и нивните барања, за да избегне сличен предизвик во иднина.

Форматот на ЛШ засега останува прифатлив за учесниците и нема најава за дополнителни промени, но „Гардијан“ тврди дека европските ривали на премиерлигашите имаат една забелешка за конкретно правило.

Се работи за заштитата на клубовите од иста земја да играат меѓусебно во првата лигашка фаза на Лигата на шампионите, нешто што според ривалите, им дава нефер предност на англиските клубови, бидејќи тие најчесто се најбројни во натпреварувањето.

Следната сезона, во ЛШ може да има дури седум англиски екипи. Пет ќе обезбедат место директно преку првенството, а бројката може да дојде до седум ако Ливерпул победи во ЛШ, односно Астон Вила или Нотингем во Лига Европа, без притоа да бидат во Топ 5 на табелата.

Има клубови кои притискаат пак таа заштита од соочување со екипа од иста земја да биде продолжена и за осминафиналната фаза, па УЕФА ќе мора да се соочи со разни лобирања и на крајот да пресече доколку смета дека треба да име промени за следните сезони.