[ВИДЕО] Трамп ѝ покажа на јапонската премиерка „портрет“ од Бајден

Макфакс

20/03/2026

11:10

321

Големина на фонт

а а а

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД морале да го изненадат Иран со напад, исто како што направи Јапонија во Перл Харбор, додека вчера седеше до јапонската премиерка Санае Такаичи во Белата куќа.

Кога новинарите го прашаа зошто сојузниците на Америка, вклучително и Јапонија, не биле однапред информирани за нападот, Трамп одговори дека не сакаат да откриваат премногу информации.

Тој рече дека САД започнале моќен изненадувачки напад за да го одржат елементот на изненадување и додаде дека Јапонија најдобро знае колку е важно изненадувањето, алудирајќи на нападот врз Перл Харбор: „Кој знае повеќе за изненадување од Јапонија?“

За време на посетата на Белата куќа, Трамп и покажа на јапонската премиерка и експонат на својот претходник, Џо Бајден, што како што анализираат медиумите ја предизвика нејзината реакција.