Германија продолжува со директни преговори со Иран, рече Мерц

Макфакс

09/04/2026

18:19

185

Големина на фонт

а а а

Германија ќе продолжи со директни преговори со Иран со цел да придонесе за успехот на претстојните разговори меѓу САД и Иран, изјави канцеларот Фридрих Мерц.

Тој најави дека Берлин ќе ги поддржи дипломатските напори и ќе разговара со пакистанскиот премиер Шебаз Шариф, кој ги организира преговорите. Според Мерц, дипломатско решение е во интерес на Германија и за стабилноста и економијата.

Германија е подготвена да помогне во обезбедување на безбеден премин низ Ормускиот теснец, но конкретни чекори сè уште не се разгледуваат.

Мерц ги критикуваше нападите на Израел врз југот на Либан, предупредувајќи дека можат да го загрозат мировниот процес. Во однос на растот на цените на енергенсите, рече дека засега не се планираат нови мерки, но владата ќе реагира доколку цените не се намалат