Иран го таргетираше северниот дел на Израел: испукани се супертешки ракети со повеќе боеви глави

Макфакс

20/03/2026

09:58

232

Големина на фонт

а а а

Исламската револуционерна гарда објави дека го спроведе 66-от бран од операцијата „Вистинско ветување 4“, за време на кој, како што тврди, беа испукани „супертешки ракети со повеќе боеви глави“ и беа распоредени беспилотни летала насочени кон цели во Израел и американски воени позиции во регионот.

ИРГК наведува дека нападите биле насочени кон цели во центарот и југот на Израел, вклучувајќи го и Тел Авив, како и кон американски воени бази во регионот, објави порталот „Прес ТВ“.

ИРГК наведе дека во операцијата биле користени ракетни системи на цврсто и течно гориво, вклучувајќи ракети „кадр“ со повеќе боеви глави, како и ракети „хорамшар“, „хејбар шекан“ и ракети со среден дострел „киам“.

Како што наведе ИРГК, во истата фаза биле користени и ракети „золфакар“, како и дронови за напад.

Во соопштението се наведува дека операцијата е одговор на наводната „агресија“ на Израел и Соединетите Американски Држави против Иран на крајот од минатиот месец.

ИРГК тврди дека биле погодени цели во неколку израелски градови и области, вклучувајќи ги Ерусалим, Хаифа, Бершеба и регионот на пустината Негев.

Корпусот, исто така, изјави дека американските воени пунктови во неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Катар, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Саудиска Арабија, биле цел на одмазда