Утрово измерени -9 степени на Попова Шапка, -4 во Kрушево, -3 во Берово, Mаврови Анови, -2 во Битола, -1 во Охрид, Претор, 0 Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Крива Паланка, Прилеп, 2 Штип, Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, 4 Демир Капија, 5 Струмица, 6 Гевгелија.
Висината на снежна покривка на Попова Шапка е 59 сантиметри.
Денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачноста. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени








