Јокиќ остана на само осум поени против Филаделфија, Шеј блескаше во новиот триумф на шампионот

Дерби

18/03/2026

11:44

169

Големина на фонт

а а а

Бранителот на титулата во НБА лигата, Оклахома Сити Тандер ја продолжи одличната резултатска серија и славеше на гостувањето на Флорида кај Орландо Меџик со 113:108.

Ова беше интересно соочување во кое двете екипи добија по две четвртини, меѓутоа ОКЦ направи поголема разлика во првиот и третиот период. Лидер стандардно беше Гилџес-Александер кој по 129 пат во низа реализираше 20+ поени во најсилната кошаркарска лига на светот.

Шеј овојпат испорача 40 кошеви со 5 скока, 2 асистенции и 4 украдени топки, зад него беше Холмгрен со дабл-дабл од 20 поени и 12 скока. Најефикасен ас кај домаќините беше Банкеро со 32 кошеви, плус додаде 10 скока.

Никола Јокиќ пак даде само 8 поени против Филаделфија Севентисиксерс, но тоа не се покажа како проблем за Денвер Нагетс кој се избори за славје од 124:96. Србинот имаше 14 асистенции и собра 7 скока, додека улогата на прв стрелец ја презема Браун со 22 поени.

Нагетс сега има учинок 42-27 и заедно со Лејкерс и Хјустон ќе водат жестока борба за третото до шестото место во западната конференција.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Мајами 136-106

Орландо – Оклахома 108-113

Вашингтон – Детроит 117-130

Њујорк – Индијана 136-110

Милвоки – Кливленд 116-123

Минесота – Феникс 116-104

Сакраменто – Сан Антонио 132