Утре без струја делови од неколку скопски општини

Макфакс

16/03/2026

18:12

300

Големина на фонт

а а а

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 17.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:

· од 08:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 2 во с. Булачани. (Општина Гази Баба)

· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Тодор Чангов, поточно подулиците со број: 35, 37 и 39. (Општина Аеродром)

· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Франц Розман. (Општина Карпош)

· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата: Побожје, Бродец, Брест, Танушевци и Малино. (Општина Чучер Сандево).