Анри за настапот на Реал: Не знам што ставаат на дресовите, но може да ми помогне да си ја вратам косата

Дерби

12/03/2026

12:47

324

Големина на фонт

а а а

Тјери Анри и вчера имал одличен настап како стручен коментатор во студиото на „Си-Би-Ес“, па во свој стил ја искоментирал големата победа на Реал Мадрид над Манчестер Сити.

Шпанскиот клуб со ослабен состав стигна до три гола предност во пресрет на реваншот, воодушевувајќи ги своите фанови кои беа исплашени од рана елиминација во Лигата на шампионите.

Анри во коментарот за победата ја истакнал и посебната мотивација која фудбалерите на Реал ја имаат кога го носат дресот на оваа екипа во елитното европско натпреварување.

– Не знам што има на тој дрес, не знам дали го мачкаат со нешто.

– Се шегувам, секако дека не би го носел како голем фан на Барса, но ако го облечам, можеби тоа ќе ми помогне да си ја вратам косата. Знам дека е тешко да се носи тој дрес, но фудбалерите во него изгледаат поинаку, тоа мора да се признае… Признавам дека не очекував вакво издание од Реал и колку и да ми е тешко да го кажам тоа, секоја чест, – рекол Анри.