Зендаја на Модната недела во Париз заблеска во бел фустан од „Louis Vuitton“ кој потсетува на венчаница, оставајќи ја публиката без здив.
Американската актерка Зендаја уште еднаш докажа зошто важи за една од најголемите модни икони на денешницата. На самиот крај од Модната недела во Париз се појави на ревијата на „Louis Vuitton“ и речиси моментално стана главна тема во модните кругови.
Во елегантен бел фустан кој на прв поглед потсетува на модерна венчаница, Зендаја изгледаше како да лебди.
Горниот дел од фустанот имаше нагласена јака и минималистички крој налик на кошула, додека долниот дел беше раскошен и волуменозен, создавајќи драматичен и романтичен ефект при секое движење.

Струкот беше нагласен со црн ремен, кој го „разби“ монохроматскиот изглед и дополнително ја истакна силуетата. Комбинацијата ја надополнила со класични црни салонки, со што на целиот стајлинг му даде доза модерен контраст.
Посебна симболика на целиот изглед му даде фактот што последниве денови се шпекулира за нејзината наводна тајна венчавка со долгогодишниот партнер Том Холанд.
Иако тие гласини не се потврдени, многумина веднаш го поврзаа нејзиниот моден избор токму со тие приказни.
Ревијата се одржа во спектакуларниот амбиент на Париз, а фотографиите од Зендаја пред познатата пирамида на музејот Лувр дополнително ја нагласија драматичноста на нејзиното појавување.
Додека многу ѕвезди се трудеа да привлечат внимание на Модната недела, Зендаја успеа во тоа без многу труд. Доволен беше еден фустан кој истовремено изгледаше како висока мода и бајковита венчаница.




















