Компани ги предупреди своите ѕвезди: Не смееме да го потцениме противникот, не чека тежок испит

Дерби

10/03/2026

11:42

206

Големина на фонт

а а а

Аталанта стана фудбалска сила во Италија изминатите години и тимот од Бергамо оставри и историски успех со триумфот во Лигата на Европа под водство на Џан Пјеро Гасперини, а константно добри резултати направија редовно да игра и во Лигата на шампиони.

„Ла Деа“ се справи со Борусија Дортмунд во бараж рундата во Лигата на шампиони и обезбеди осминафинале во најелитното натпреварување, но ждрепката посака да налета на уште посериозен германски предизвик, и тоа во името на Баерн Минхен.

Баварците оваа сезона важат за едни од главните фаворити за трофејот во Европа, но Компани е свесен дека патот ќе биде долг и дека првиот голем предизвик е токму Аталанта, тим кој неизмерно го почитува.

– Ќе играме против многу силен ривал во осминафиналето, против тим кој игра офанзивен фудбал и кој знае да се натпреварува. Ќе мора да извршиме голем пресинг во нивната половина за да немаа течност во играта. Аталанта направи извонредни работи изминативе години, ја освоија и Лигата на Европа.

– Никако не смееме да го потцениме нашиот ривал, целта е да бидеме максимално конкурентни на секој натпревар и да го дадеме најдоброто од себе. Не потценуваме никого, но не се плашиме од никого. Сакаме да ја искористиме секоја шанса за да напредуваме во ова натпреварување, – изјави Компани, кој најави дека во последен момент ќе решава дали ќе го стартува Хари Кејн, или пак ќе го остави на клупа поради повредата која ја имаше во изминатите денови.