Јокиќ имаше нова историска партија, но Шеј му ја загорчи со фантастична тројка во последните секунди

Дерби

10/03/2026

11:24

229

Големина на фонт

а а а

Откако го елиминираа Денвер лани во плејофот, Оклахома се навикна да победува против Нагетси и оваа сезона ја запиша и четвртата победа во низа во меѓусебните пресметки, а оваа рано утрово беше нависитна драматична.

Денвер подобро го отвори мечот и остана во игра до самата завршница на мечот, но ниту новата историска вечер за Никола Јокиќ не беше доволна за да се скрши отпорот на шампионот.

Оклахома го имаше завршниот збор во последните секунди, и тоа преку својот најдобар играч, Шеј Гилџус-Александер. Шеј ја презема одговорноста и ја побара топката во свои раце, при што испорача фантастична тројка на две секунди пред крајот на мечот.

Денвер имаше завршен напад за да бара израмнување, но обидот на Гордот од својата половина беше непрецизен и тука беше означен крај на мечот (129:126).

Шеј со јуначката тројка го украде шоуто и му ја загорчи историската партија на Јокиќ, за кого ова беше 323-ти натпревар во кариерата на кои постигнал најмалку 20 поени, 10 скокови и 5 асистенции. Со овој учинок, Србинот го мина Карим Абдул Џабар и испиша бројки какви што не се паметат 65 години.

Јокиќ го заврши мечот со нов трипл-дабл учинок од 32 поени, 14 скокови и 13 асистенции, додека јунако Шеј зад своето име придодаде 35 поени, 9 скокови и 15 асистенции.

НБА резултати:

Кливленд – Филаделфија 115:101

Оклахома – Денвер 129:126

Бруклин – Мемфис 126:115

Јута – Голден Стејт 119:116

ЛА Клиперс – Њујорк 126:118