Мисајловски во касарната „Јане Сандански“ во Штип: Покажуваме дека целосно се грижиме за нова модерна инфраструктура

Макфакс

09/03/2026

15:51

116

Големина на фонт

а а а

Денеска може да видиме еден целосно готов објект, но и еден објект каде што е речиси 70% завршен и очекувам дека во следниот месец комплетно ќе биде завршен овој објект. Ова се само дел од објектите што ги реконструираме, рече министерот за одбрана, Владо Мисајловски, при денешната посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип и увидот во градежните активности кои се реализираат во моментов во оваа касарна.

Министерот Мисајловски додаде дека оваа година се планираат седумнаесет нови проекти и дека во моментов започнати се проекти за реконструкција на објекти кои се значајни за Армијата, а веќе се подготвуваат и проекти и за Домот за Армијата, за хотелот „Шар“ на Попова Шапка како и за Воениот хотел „Илинден“.

Мисајловски истакна дека паралелно се работи на проектирање за изградба на нови капацитети за потребите на Армијата и за Воената Академија.

Мисајловски нагласи дека со ова се покажува грижа за нова модерна инфраструктура, но и дека истовремено и паралелно се вложува во модернизација, опрема и човечки капацитети, а дека сето тоа е возможно затоа што, како што кажа, ова не е проект на министерот, ова е проект на вредни луѓе што работат во Министерството и Армијата.