Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Макфакс

09/03/2026

17:28

144

Големина на фонт

а а а

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на Холокаустот на македонските Евреи, што ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“.

Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани во нацистичкиот логор на смртта „Треблинка“ во март 1943 година.

Во македонската делегација што ја предводи претседателката Сиљановска-Давкова се: амбасадорот Габриел Атанасов, национален координатор и шеф на делегацијата при Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА, претставници од Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и претставници од Еврејската заедница.

За време на посетата на Полска, претседателката во Варшава ќе положи венец пред споменикот посветен на жртвите на Варшавското гето и ќе се сретне со претставници на македонската дијаспора.

Сиљановска-Давкова е прв македонски претседател којшто ќе го посети Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ по повод одбележувањето на Денот на депортацијата на македонските Евреи.