[ВИДЕО] Брз посен ручек: Мусака која ќе ја подготвувате дури и кога ќе престанете да постите

Точка

06/03/2026

16:00

1.189

Големина на фонт

а а а

Ручекот од компири е заситен и пријатен за стомак, а оваа посна верзија за мусака е полн погодок.

Состојки:

500 грама компири;
2 моркови;
2 главици кромид;
100 грама ориз;
400 милилитри вода;
суви зачини;
100 милилитри масло.

Подготовка:

Компирот исечете го на кругови.

Морковот и кромидот исто така на кругови.

Во огноотпорен сад на дното ставете компир и кромид, потоа морков, па ориз којшто претходно сте го измиле.

Прелијте ги со масло и додадете уште малку од сувите зачини.

Печете во рерна околу 30 минути на 200 степени Целзиусови.

Пријатно јадење!