На вчерашен ден пред повеќе од три децении се случи една од најтешките авионски несреќи во историјата на Македонија. Авионот „Фокер 100“ на македонската авиокомпанија „Палер Македонија“ се урна веднаш по полетувањето од аеродромот Петровец кај Скопје. Во трагедијата загинаа 83 лица, додека 14 патници ја преживеаја несреќата.
На 5 март 1993 година Македонија беше потресена од една од најголемите авионски трагедии во својата историја. Патничкиот авион „Фокер 100“ на авиокомпанијата „Палер Македонија“ се урна непосредно по полетувањето од аеродромот Петровец кај Скопје, на околу 400 метри оддалеченост од пистата.

Во авионот имало 97 лица, од кои 83 загинаа – 79 патници и четворица членови на екипажот, додека 14 луѓе успеаја да ја преживеат несреќата.
Авионот го управувал искусен екипаж. Главен пилот бил 49-годишен холандски пилот со повеќе од 11.200 часови летачко искуство, додека копилот бил 34-годишен македонски пилот со 5.580 часови лет, кој претходно работел како пилот во "JAT Airways".
На денешен ден 5 март 1993 под крајно сомнителни околности се урна авионот на македонската авиокомпанија - ,,Палер...
Posted by Стоп за странските пропаганди во Македонија on Thursday 5 March 2026
Причината за несреќата
Според официјалната истрага, причината за падот биле пропусти во процедурата за одмрзнување на крилата на авионот.
При подготовката за полетување биле проверени само почетните делови на крилата, каде што бил забележан снег кој веќе се топел и не се сметал за опасен.
Меѓутоа, ниту пилотите ниту персоналот задолжен за одмрзнување не знаеле дека горивото во крилата било со многу ниска температура, што довело до повторно замрзнување на стопениот снег додека авионот чекал дозвола за полетување.
Создавањето на мраз на крилата ја нарушило аеродинамиката на леталото, што довело до губење на подигнувачката сила непосредно по полетувањето.

Трагедија што остана во колективната меморија
Несреќата кај Петровец се смета за најтешката авионска катастрофа поврзана со Македонија. Трагедијата предизвика голема жалост во јавноста, а спасувачките екипи со часови работеле на местото на несреќата за да извлечат преживеани и да помогнат на повредените.
И по повеќе од три децении, 5 март останува датум што потсетува на една од најболните трагедии во македонското воздухопловство, кога десетици семејства ги загубија своите најблиски.





















