Во динамичното секојдневие, домот станува нашата најважна оаза. Тој повеќе не е само простор за живеење, туку место каде што се враќаме кон себе, каде што се создаваат спомени и се гради личниот баланс. Токму затоа, трендовите во уредувањето за 2026 година се движат во насока на хармонија, функционалност и паметен дизајн, со јасен фокус на удобноста и личниот печат.
Оваа година доминираат топлите земјени нијанси, пастелните тонови и неутралните бои кои овозможуваат лесно комбинирање и создавање визуелна рамнотежа. Природните материјали како дрво, камен, лен и памук внесуваат чувство на топлина и автентичност, додека зеленилото станува неизоставен дел од секој модерен ентериер. Домот во 2026 не е стерилен и ладен - тој е жив простор исполнет со текстури, светлина и природна енергија.

Современото живеење бара паметни решенија. Мултифункционалниот мебел, модуларните гарнитури, креветите со складишен простор и склопливите маси се сè почест избор, особено во урбаните средини каде секој квадратен метар има вредност. Минимализмот останува актуелен, но со потопла и поперсонализирана нота, каде практичноста оди рака под рака со естетиката.

Деталите се тие што ја прават разликата. Уметничките слики, декоративните перници, впечатливите светилки и внимателно одбраните декоративни елементи внесуваат карактер и индивидуалност. Комбинацијата на различни материјали - дрво со метал, стакло со текстил создава динамика и длабочина, додека правилното осветлување, од амбиентални светилки до скриени LED ленти, го трансформира просторот и влијае на расположението.

Сè поголем акцент се става и на одржливите материјали и енергетски ефикасните решенија. Модерниот дом не е само убав, туку и функционален, економичен и во чекор со иднината. Во фокусот се и новите стандарди на домување, вклучително и модуларните и монтажните концепти кои нудат флексибилност, брза реализација и современ дизајн.

Токму овие идеи и трендови ќе бидат претставени на „Саем на мебел 2026“, кој ќе се одржи од 25 до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“. Под слоганот „Инспирација за секој ден“, саемот ќе ги обедини најновите решенија во ентериерот, паметниот дизајн, одржливите материјали, како и концептите што ја обликуваат иднината на живеењето – од мебел и декоративни елементи, до монтажни и модуларни куќи и решенија за двор и градина. Пет дена инспирација, идеи и можност секој да го пронајде она што најмногу одговара на неговиот стил и начин на живот.









