Во иднина девојките ќе се облекуваат „само вака“ – и нема да има рамнодушни! Новиот тренд можеби нема да ви се допадне, но ќе биде насекаде

Точка

03/03/2026

19:09

481

Големина на фонт

а а а

Веќе некое време инфлуенсерките се опседнати со таканаречената „clean girl“ естетика, стил кој се фокусира на уредност, минимализам и стремеж кон совршенство, но сега доаѓа нешто сосема, сосема поинакво.

Според прогнозите на модните познавачи, во 2026 година ситуацијата драматично се менува и се раѓа нов тренд кој нуди сè спротивно. „Messy girl“ полека, но сигурно зема замав и значи токму тоа што мислите – „неуредна девојка“.

Што е „messy girl“ естетика?

Овој тренд, како што и самото име кажува, ја слави намерната неуредност, што значи дека облеката изгледа како да е износена, избледена, излитена, можеби дури и искината и малку истуткана. Се оди толку далеку што сè попопуларни стануваат парчиња што изгледаат како да се извалкани.


Секако, зад овој тренд не стои промоција на мрзеливост или негрижа, туку обид на поинаков начин да се дојде до автентичност, индивидуалност во модата и отфрлање на совршенството, кое секако е невозможно да се постигне.

Модните експерти кои го одобруваат овој стил го истакнуваат како посакуван бидејќи овозможува повеќе опуштеност и уживање во животот, без оптоварување со тоа сè да изгледа беспрекорно и униформно.

Станува збор за реакција на ерата на дигиталниот перфекционизам и минимализм, кој подразбираше „тивок луксуз“, во кој сè беше премногу изгладено и стерилно.


Како да бидете „messy girl“?

Судејќи според она што го видовме на модните писти и на социјалните мрежи во изминатиот период, во естетиката на „неуредната девојка“ се вклопуваат многу јасни парчиња и мотиви:

предимензионирана и износена облека: широки панталони, оверсајз блејзери, парчиња што изгледаат старо,

„distressed“ тексас: излитени и искинати фармерки,

дамки, дупки и набори.


Дури и најпознатите модни куќи, како што се Прада, „Acne Studios“ и „No.21“, почнаа да ги вметнуваат овие елементи во своите колекции за пролет и лето 2026 година.

Ваквите комбинации изгледаат како облеката и стилот да се спонтани и да доаѓаат директно од реалниот живот, наместо модната комбинација да сте ја усогласувале со часови пред огледало. Дури и кога облеката е поскапа и поквалитетна!


Клучот, јасно е, е во навидум ненамерниот хаос кој сепак делува шик.