Издвоил пет места: Патник кој посетил 105 земји открил каде никогаш не би се вратил

Точка

03/03/2026

18:09

360

Големина на фонт

а а а

Ако планирате годишен одмор, искуството на еден светски патник може да ви биде од корист. По посетата на дури 105 земји, тој на Редит објави листа на пет дестинации на кои, како што вели, никогаш не би се вратил, но и оние што го изненадиле пријатно.

Во објавата на Редит, во групата r/travel, напиша: „Посетив 105 земји. Еве ја мојата листа ‘најдобрите од најдобрите’, која веројатно никого не го интересира“.


„Кога луѓето ќе слушнат во колку земји сум бил, неизбежно ме прашуваат кои ми се омилени. Секогаш им одговарам дека таквите прашања е тешко да се поедностават, но сепак се надевам дека оваа листа може да им помогне на луѓето при планирање патување за 2026 година“, додаде тој. Како врвни земји во кои би се вратил, патникот ги издвоил Мексико, Виетнам, Јапонија и Тајланд.

Пет земји во кои не планира да се врати

Открил дека местата што „ги посетил еднаш и тоа му било доволно“ се Мароко, Бангладеш, Белизе, Ел Салвадор и Мозамбик. Бидејќи Мароко и Бангладеш се прилично популарни туристички дестинации, неговиот избор некои ги изненадил. Според податоците на „YouGov“, Белизе е рангиран како 128-ма најпопуларна земја, Мароко е на 75-то место, Бангладеш на 123-то, Мозамбик на 147-то, а Ел Салвадор на 113-то место.


Објаснување зад изборот

Еден корисник го прашал зошто му била доволна само една посета на Белизе и Ел Салвадор: „Дали тие места сами по себе се лоши или се едноставно мали, па имате чувство дека сè сте виделе?“.

„Белизе е прескап за она што го нуди. А Ел Салвадор едноставно не се издвојува со ништо во споредба со соседните земји. Доволно е да се види еднаш и тоа е тоа“, одговорил авторот на објавата.


Друг корисник се интересирал зошто на листата се нашол Мозамбик. Патникот објаснил дека не му се допаднале „постојаните застои на патот за време на возењето“ и „пропаднатата инфраструктура“. Навел дека земјата „во некои области е опасна“ и дека „локалното население не е пријателски настроено“. Сепак, признал дека „плажите се делумно добри“ и дека постојат „некои добри локации за нуркање и богат морски свет“.

Потценети фаворити

Од друга страна, патникот како „потценети“ земји во кои најмногу уживал ги издвоил Грузија, Оман, Еквадор, Намибија и Тајван. На прашањето колку му било потребно за да ги посети толку дестинации, открил дека патувал повеќе од 12 години.