„Иднина која инспирира“: dm лансира платформа која ја враќа вербата во силата на поединецот и заедницата

Точка

03/03/2026

15:53

130

Големина на фонт

а а а

Компанијата dm drogerie markt ја претставува платформата „Иднина која инспирира“, иницијатива насочена кон поттикнување на општествениот ангажман и активното учество на поединците во обликувањето на заедничката иднина.

Со тоа започнува серија активности чија цел е да се охрабрат луѓето да се вклучат во промените така што поединци ќе споделуваат приказни за своите искуства со општествен ангажман и ќе ја инспирираат заедницата додека организациите, здруженијата и институциите ќе пријавуваат проекти што обединуваат волонтери или нудат можност за волонтерско ангажирање на граѓаните.

Ако сте личност која своето слободно време го посветува и се ангажирате за подобра иднинa, dm ве повикува да го споделите вашиот личен општествено одговорен ангажман тука и да ги инспирирате и другите луѓе да го дадат своето време онаму каде е најпотребно.

Доколку пак, сте здружение, организација или друга форма на непрофитна институција, можете да пријавите проект чие реализирање подразбира граѓански ангажман тука. Споделувањето лични искуства и пријавувањето проекти ќе трае до 31 јули 2026 година, додека проектите што ќе ги поддржи dm, ќе бидат објавени од септември 2026 година.


Иницијативата се развива во три клучни области што ги обликуваат темелите на општество засновано на заедништво и меѓусебна поддршка: зајакнување на солидарноста и општествениот ангажман, поттикнување развој и напредок преку еднаквост, инклузија и образование, како и одговорно дејствување во согласност со природата, засновано на одржливи практики.

,,Денес, повеќе од кога било, ни е потребна верба дека секој од нас може да придонесе за позитивни промени. Со иницијативата ‘Иднина која инспирира’ сакаме да ги охрабриме луѓето повторно да ја препознаат сопствената сила - силата на идејата, на солидарноста и на заедничкото делување. Веруваме дека иднината не се случува сама по себе, туку се создава преку мали, но храбри чекори што ги преземаме секој ден за подобра заедница. Затоа ја гледаме оваа иницијатива како платформа што ги поврзува луѓето, ги поддржува нивните иницијативи и создава простор во кој добрите приказни можат да прераснат во вистински промени. Нашата желба е да инспирираме што повеќе поединци и организации да се вклучат, затоа што веруваме дека кога делуваме заедно, можеме да изградиме поодржлива, поинклузивна и похумана иднина за сите“ вели Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.

Во време обележано со економски неизвесности, климатски предизвици и чувство дека големите промени се надвор од дофатот на поединецот, оваа платформа тргнува од поинаква перспектива: иднината не е нешто што пасивно го чекаме, туку нешто што секојдневно го градиме, со мали чекори исполнети со солидарност и подготвеност за дејствување. Токму затоа, „Иднина која инспирира“ ги става луѓето и заедницата во центарот на своето внимание, додека dm ја презема улогата на двигател и партнер што обезбедува простор, поддршка и поттик.