Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

A1ON.MK

03/03/2026

16:31

1.282

Големина на фонт

а а а

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството на мајката и детето кои трагично го загубија животот, информирајќи дека веднаш е покренат вонреден инспекциски надзор во надлежната институција.

Од Министерство за социјална политика, демографија и млади соопштија дека, согласно законските надлежности, е извршен надзор во Центарот за социјални работи – Скопје, со цел да се утврди дали институцијата постапувала навремено и во согласност со прописите. Според првичните информации од инспекцискиот тим, починатата и нејзиниот сопруг првпат биле евидентирани во Центарот на 7 октомври 2025 година, по барање на Основен граѓански суд Скопје во рамки на постапка за развод на брак.

Во однос на пријавено семејно насилство, од Министерството наведуваат дека допис од Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија бил примен во Центарот на 2 февруари 2026 година, а се однесувал на настан од 19 декември 2025 година, квалификуван како прекршок против јавниот ред и мир, односно физички напад од сопругот врз сопругата.


Министерството потенцира дека секое евентуално пропуштање, ненавремено постапување или непочитување на законските обврски ќе биде целосно испитано и санкционирано согласно закон.

„Заштитата на жртвите на насилство и превенцијата од семејно насилство се врвен приоритет. Нема да дозволиме институционални слабости да останат неадресирани“, наведуваат од ресорното министерство.

Инспекцискиот надзор е во тек, а по неговото завршување, како што најавуваат, јавноста ќе биде транспарентно информирана за наодите и за евентуалните мерки што ќе следат.