Славната манекенка позираше за престижниот магазин и ја покажа својата „друга страна“, а се чини дека во вакви одважни модни изданија сè уште не сме ја виделе.
Хејли Бибер ја краси насловната страница на новото, мартовско издание на австралискиот магазин „Vogue“, а за оваа пригода позираше во неколку раскошни креации од светски познати дизајнери, идеални за претстојната пролет.
Станува збор за три различни насловни страници, па Хејли на една е во фустан од „Yves Saint Laurent“, на друга акцентот е на впечатливите очила за сонце од „Balenciaga“, а на третата насловна страница носи розов капут од брендот „Mugler“.
Со оглед на тоа што Бибер е и модна инфлуенсерка и трендсетерка, како и сопственичка на козметичкиот бренд „Rhode“, беше и очекувано дека нејзините модни комбинации за едиторијалот ќе послужат на многу дами како инспирација за претстојниот период.
Славната манекенка понесе различни стилови и впечатливи модни комбинации, меѓу кои некои се издвоија на прв поглед оставајќи впечаток на нејзини најпровокативни и најодважни изданија во кариерата.
По бундата од вештачко крзно, која е апсолутен моден хит оваа сезона, носи само црни хеланки и на градите има интересен детаљ, додека на друга фотографија позира во елегантно сако и необичен проѕирен фустан кој речиси ништо не покрива.
Позираше и во кожна јакна и гаќички, но и во црвен провокативен градник. На една од фотографиите беше уште похрабра – додека позира во црн долг фустан, нејзиниот гол задник е во прв план, додека на друга, пак, е само покриена со голема црна сатенска панделка.






















