Грицкајте здраво, но вкусно: Закуски за викендот и за пролетта што доаѓа

Точка

27/02/2026

11:51

213

Големина на фонт

а а а

Како што полека ги испраќаме деновите од најкраткиот месец во годината, така и се подготвуваме за покачување на температурите и будењето на природата, кое доаѓа со пролетта. А тоа е добар потсетник дека е вистинско време домот да се опреми со омилените здрави грицки и закуски за следниот викенд, како и за потоплите денови кои следат.

Кога се одбираат совршените грицки, најчесто се зема предвид вкусот – кој мора да е богат и задоволувачки, потоа цената – која мора да е достапна, и последно но не и помалку важно, состојките – кои мора да се квалитетни, но и адаптирани на вкусот на современиот потрошувач. Широката понуда на иновативни, здрави и вкусни производи на Виталиа дава голем избор, но и можност за инспирација за сите оние луѓе кои сакаат да грицкаат и да уживаат во храната без грижа на совест.

За добар почеток на секое утро, без разлика дали како придружник на појадокот или веднаш по него, ги препорачуваме солените овесни крекери на Виталиа. Тие се направени од 35% овесни снегулки во комбинација со интегрални жита, пченица, пченка и ориз, па затоа претставуваат здрава замена за висококалоричните грицки. Можат да се најдат во локалните маркети, на полиците за здрава храна, а најдоброто нешто е што тие доаѓаат во повеќе вкусови – за разновидно грицкање секој ден.


Понекогаш, едноставно посакувате да имате при рака грицки за секоја пригода – за удобна вечер гледајќи филм стуткани под ќебе, за прошетка низ градските улици или во најблискиот парк, но и за мигови кога во домот ќе дојдат ненајавени гости. За да ги задоволи дури и најделикатните потреби на потрошувачите, Виталиа го создаде Протеинскиот крцкав микс, кој е целосно вегански производ што содржи збогатено количество на протеин – дури 15g по пакување. Протеинскиот крцкав микс доаѓа во два различни вкуса: вкус на пица со неодолива и богата арома, како и вкус на чили кој е направен за љубителите на пикантна храна. Кој и да го изберете, нема да погрешите.


Изборот да се јаде здраво е личен и паметен избор, но повеќе не мора да биде по цена на откажување од вкусната храна. Широката понуда на производи на Виталиа гарантира дека секој ќе успее да го пронајде вкус кој му одговара, дури и најголемите сладокусци и „пребирливи јадачи“. Овој февруари, направете залихи од вашите омилени грицки и уживајте во надежно последните студени денови, удобно сместени во вашиот дом.


Комерцијален текст