Наполи се заштитил, Осимен не може лесно да се врати во Италија

Дерби

27/02/2026

08:10

354

Големина на фонт

а а а

Виктор Осимен веќе втора сезона е дел од турскиот великан Галатасарај, екипа во која е лидер и во која се обидува со своето знаење, квалитет да помогне да се продолжи доминацијата на домашната сцена, но и да се направи исчекор во Европа или поточно во Лигата на шампионите.

Галататасарај обезбеди место во осминафиналето што е добар резултат со тоа што оваа приказна не е завршена и овој состав сигурно би имал што да каже против Ливерпул или Тотенхем.

Осимен за време на двомечот со Јувентус во ЛШ се најде во фокусот на италијанската јавност, а тој самиот призна дека не би имал ништо против да заигра за „старата дама“ во иднина и покрај тоа што во минатото настапуваше за Наполи.

Меѓутоа токму наполитанците добро се заштитиле од ова сценарио или барем до септември 2027 година кога нема повеќе да важи клаузулата. Имено според „Газета Дело Спорт“, Наполи во договорот со Галатасатај се изборил за клаузула според која турскиот тим да не може да го продаде напаѓачот на Апенините до 2027 година, односно ако се случи ова ќе мора да му исплати на калчолигашот 70 милиони евра.

Ова дефинитивно прави Виктор да биде недостапен за италијанските клубови уште некое време, меѓутоа и прашање дали тие во моментов би можеле да си го дозволат пред се поради платата која самиот голгетер би ја побарал.

Тој е под договор со сегашниот тим до 2029 година.