На социјалните мрежи се појави видео од уште едно примитивно пресметување со примена на сила меѓу нервозни возачи во скопскиот сообраќај.
На видеото се прикажани двајца тепачи-аматери кои среде сообраќај и бројните други возачи, на сред улица се тепаат, мавтаат и тегнат...
Според достапните информации оваа тепачка се случила вчеравечер на булевар во Скопје.
Се чини, во последно време ваквите тепачки зачестија во Скопје, но и на други места ширум Македонија, а истите редовно се дел од билтените на МВР, каде полицијата наведува дека физичките пресметки се случуваат „по претходно недоразбирање во сообраќајот“.
🎬 Погледнете го видеото:








