[ВИДЕО] Драган Бјелогрлиќ физички нападнал тиктокер! Ужасни сцени среде локалот, се нафрлил на дечкото и посегнал по неговиот телефон

Точка

24/02/2026

21:00

1.118

Големина на фонт

а а а

Блокадерот Драган Бјелогрлиќ, актер и режисер, повторно имал насилнички испад на јавен простор!

Потпишувачот на опозицискиот „Проглас“ се нафрлил на познатиот Тиктокер Лепи, чие вистинско име е Александар Шулц!

Лепи објавил видео на кое јасно се гледа дека актерот Драган Бјелогрлиќ се нафрлил на него и се обидел да му го одземе телефонот од раката, сето тоа среде извесно кафуле.

Имено, Лепи му пристапил и му рече дека го поддржувал додека носел униформа на Република Српска, со коментар дека веројатно и тоа го правел за пари.

Во тој момент, Бјелогрлиќ се свртува кон него и вели: „Аааа ти си овој...“, станува и се обидува да му го одземе телефонот.

Не успеал, па се враќа на столицата, а Лепи прокоментирал дека Бјелогрлиќ е нервозен.

Ова не е првпат што Бјелогрлиќ насрнува на некого на јавен простор.

Да потсетиме, инцидентот поради кој актерот и режисерот беше осуден се случи на 23 август 2021 година во нишкиот хотел „Амбасадор“, кога насрнал на колегата Предраг Антониевиќ.