Интер не пронајде решение за цврстата одбрана и организираните контри на Бодо/Глимт, па во натпревар на кој речиси секогаш се обидуваше да постигне гол со нафрлени топки, на крајот мораше да се помири со втор пораз од норвешката сензација.
Актуелниот европски вицешампион доживеа рана елиминација во Лигата на шампионите и се збогуваше во првата нокаут рунда, а иако јавноста во Италија ова го доживеа како огромно разочарување, Николо Барела се обиде да го ублажи ударот со изјавата која ја даде по вториот пораз.
Вкупните 5:2 се јасен приказ дека Интер целосно потфрли во овој двомеч со Бодо, но Барела по средбата на „Сан Сиро“ нагласи дека примарна цел на Интер било и останува да се освои Скудетото, ставајќи ја Лигата на шампиони во втор план.
Оваа изјава на Барела наиде на потсмев меѓу фановите на ривалските клубови во Серија А, но италијанските медиуми и фудбалски симпатизери му забележуваат на играчот за врска и за обидите за симулација кои ги имаше на средбата со Бодо.
Барела имаше два обиди да донесе корист за својот тим со очигледна глума, по што неговите сонародници му се нафрлија на социјалните мрежи.
– Вакви симулации не проаѓаат во Лигата на шампиони…
#InterBodo
— Popcorn🍿 🇮🇹❤️🇬🇧🌬⚪️⚫️ (@AnticoMichael) February 24, 2026
No #Aia No #Party!#Barella 😎😎😎 pic.twitter.com/cygAiL0F9q
#interbodo abituati alla Marotta League il pubblico a San siro protesta perché non è stato assegnato rigore per questo tuffo di barella https://t.co/ZsLpNdwb58
— TracceWeb (@tracceweb) February 24, 2026








