Италијанско дерби во Лига Европа, француски предизвик за првиот фаворит за титулата

Дерби

27/02/2026

14:15

358

Големина на фонт

а а а

Извршена е ждрепката и за осминафиналето во второто по ранг натпреварување на УЕФА, Лига Европа, фаза во која ќе бидеме сведоци на неколку интересни пресметки.

Имаме италијанско дерби и тоа Болоња-Рома што значи дека Серија А ќе остане со само еден претставник по оваа фаза. Екипата која важи за прв фаворит за пехарот Астон Вила оди на мегдан со Лил кој вчера по драма и продолженија ја елиминираше Црвена Звезда.

Многу возбудувања треба да имаме на пресметките Штутгарт-Порто и Селта-Лион.

Првите натпревари се закажани за 12 март, а реваншите една недела подоцна (19 март).

Парови за осминафиналето во Лига Европа:

Генк-Фрајбург

Болоња-Рома

Ферецварош-Брага

Штутгарт-Порто

Панатинаикос-Бетис

Нотингем Форест-Митјиланд

Селта-Лион

Лил-Астон Вила