Чупиќ критички настроен по големата победа: Задоволен сум само од двата бода

Дерби

25/02/2026

11:57

198

Големина на фонт

а а а

Вардар одигра две контрастни полувремиња на вчерашниот меч во „Јане Сандански“ и понесен од страшната атмосфера успеа да направи пресврт во вториот дел, па иако напорот кој го направија играчите беше навистина импресивен, тренерот Иван Чупиќ не е задоволен од понудената претстава.

Македонскиот претставник славеше со 37:33 и освои важни два бода против првиот тим на табелата во втората фаза од Лигата на Европа, но за Чупиќ единствен позитивен заклучок од оваа средба се бодовите.

– Сакам да му се заблагодарам на противникот за фер и коректната игра, покажаа на сите во салата дека имаат добро изграден систем и одличен тренер во Парондо. Играа со енергија и покажаа дека сакаат да се докажуваат од прва до последна минута.

– Јас лично не сум задоволен од тоа што го видов, како да преовладуваше потценување од нашата страна во првото полувреме. Мојот тим не беше на ниво со енергија, а за тоа сум виновен и јас.

– Во вториот дел покажавме дека имаме голема ротација и добрата претстава во продолжение не донесе до победа. Освен од двата освоени бода, не сум задоволен од ништо друго на овој меч. Играчите треба да бидат свесни дека мора да го дадат максимумот во секој момент кога играат во оваа сала. Ова го сфаќам и како моја грешка, оваа критика оди и за мене, – изјави Чупиќ.