Французите најавија, Шпанците потврдија: Реал доби неочекуван удар пред реваншот со Бенфика

Дерби

25/02/2026

11:56

255

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид веќе неколку дена го подготвува реваншот со Бенфика во Лигата на шампиони, а додека сите зборуваа за последиците и казните за расистичкиот инцидент меѓу Престијани и Винисиус, од Франција пристигна неочекувана ексклузива која ја потврдија и Шпанците.

Поради проблематичното лево колено поради кое паузираше и на Светското клупско првенство, Килијан Мбапе не можел нормално да тренира последните два дена, а последните информации велат дека тој ќе биде надвор од тимот на вечерашниот меч со Португалците.

Мбапе се пожалил на болки и непријатност во левото колено, па лекарите препорачале да не се преземаат ризици и да му се даде одмор на најдобриот напаѓач на „кралевите“.

Ова е неочекуван удар за Алваро Арбелоа на денот кога се игра реваншот со Бенфика на „Бернабеу“, па останува да се види за какво решение ќе се одлучи тренерот на Реал во отсуство на Килијан.

Очекувана замена би бил Гонсало Гарсија во нападот, но не се исклучува можност Арбелоа да игра со Винисиус како напаѓач и да додаде играч плус во средниот ред.