Престијани открил како бил навреден од Винисиус во својот допис до УЕФА

Дерби

25/02/2026

11:54

241

Големина на фонт

а а а

УЕФА засега ги собира доказите од сите страни и води истрага за случајот „Престијани“, но иако не може да се докаже дека упатил расистичка навреда кон Винисиус до овој момент, водечкото тело на европскиот фудбал реши привремено да го суспендира.

Тоа значи дека аргентинскиот фудбалер нема да го гледаме вечерва на теренот на „Сантијаго Бернабеу“, но за да покаже солидарност кон своите соиграчи, Престијани и покрај притисокот реши да отпатува за Мадрид.

Џанлука ќе биде поддршка плус за соиграчите на ова тешко гостување, а во период кога малку стивна вревата, но и реакциите за наводната расистичка навреда, угледниот „Тајмс“ излезе со ексклузива за документите кои ги има доставено Бенфика како одбрана во дадениот случај.

Престијани веќе призна дека упатил навреда кон Винисиус кога ја покри устата со својот дрес, но цврсто негираше дека станувало збор за расистичка содржина како што посочуваше Бразилецот.

Аргентинскиот фудбалер призна дека користел ксенофобна навреда и го нарекол Винисиус „педер“, но во дописот кој го испратил до УЕФА, се пожалил дека Винисиус бил тој кој прв го навредил.

Престијани во својата жалба нагласил дека Винисиус бил тој што прв почнал со навредливи зборови, или поточно, го нарекол „џуџе“ поради неговиот низок раст.