Барселона се врати на врвот во Ла Лига неколку дена по непријатниот пораз од Џирона во малото каталонско дерби, од една страна поради победата која ја оствари Леванте, но пред се поради поразот кој го претрпе Реал Мадрид во Памплона.
Пет дена пред натпреварот на „Ел Садар“, Барса го загуби лидерското место во Ла Лига со поразот од Џирона во градското дерби, а бидејќи се крена голема прашина за начинот на кој остана без еден бод, судиското тело реагираше една седмица подоцна.
Судискиот комитет призна дека Барселона била сериозно оштетена во ситуацијата за вториот гол на Џирона, бидејќи луѓето во ВАР не пријавиле очигледен прекршок од Ечевери над Кунде.
Ова признание на судискиот комитет не носи никаков бенефит за Барселона во овој момент, па каталонскиот клуб се јави со кратка порака преку социјалните мрежи, надевајќи се дека ова признание ќе донесе и до подобри одлуки на теренот и во ВАР собата на дело.
– Признавањето на грешка е голем чекор. Следен чекор е да се избегне грешката!, – порачаа од Барса.
Owning a mistake is a big step.
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 24, 2026
Avoiding it is the next. pic.twitter.com/rzPdIN5fD9








