Неодлучниот Дончиќ му пресуди на својот Лејкерс во последниот напад

Дерби

25/02/2026

11:50

185

Големина на фонт

а а а

Леброн Џејмс промаши шут за победа на Лејкерс во последната секунда, но мора да се нагласи дека обидот на „кралот“ беше изнуден, особено поради неодлучноста на Лука Дончиќ кој го стави во крајно неповолна ситуација.

Натпреварот меѓу Лејкерс и Орландо имаше драматична завршница во „Крипто арената“, па во ситуација кога се менуваше водството во последната минута, се се сведе на завршниот напад на домаќините.

Орландо со доста среќа стигна до предност од 109:110 и им фрли ракавица на „езерџиите“, кои во последниот напад беа изневерени од својата најголема ѕвезда.

Лука Дончиќ беше неодлучен и неколку секунди ја држеше топката во свои раце, пред да ја предаде до Леброн кој сепак не можеше да погоди тројка од исклучително тешка позиција.

Поради лошиот потег, Дончиќ се претвори во трагичар за својот тим, без оглед на тоа што најефикасен во Лејкерс со 22 поени, на кои придодаде и 9 скокови и 15 асистенции.