Тон марихуана одземени од валандовска фирма - една од оние на кои Владата им ги одзеде лиценците за одгледување канабис

Точка

24/02/2026

20:46

317

Големина на фонт

а а а

Од складиштето на Друштвото за производство, трговија и услуги „Грин лајф“ ДООЕЛ од валандовското село Јосифово одземен е тон марихуана - една од шесте фирми на кои Владата им ги одзеде лиценците за одгледување марихуана за медицински цели.

Складиштето на „Грин лајф“ се наоѓа во валандовското село Јосифово, а дејноста на „Грин лајф“ според официјални податоци е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија за употреба во фармацијата.


Министерството за внатрешни работи (МВР) вели дека акцијата е дел од континуираните акции за запирање на илегалната трговија со дрога.


Претходно денеска министерот за здравство Азир Алиу информираше дека Владата на денешната седница донела одлука за одземање на лиценците за одгледување марихуана за медицински цели на шест фирми, кај кои комисијата што ја формира Министерството за здравство утврдила повеќе недостатоци во работењето.

Покрај „Грин лајф“, без лиценци останаа и компаниите „Алфафарм“, „ЦБД медплант“, „Лајфплант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“.