[ФОТО] Приказната за мајмунчето од Јапонија го разнежни интернетот: Не се одвојува од кадифена играчка откако неговата мајка го отфрлила

Точка

17/02/2026

15:35

576

Големина на фонт

а а а

Панч е шестмесечен мајмун од зоолошката градина „Ichikawa City Zoo“ во Јапонија кој стана интернет сензација откако на мрежите се појавија снимки на кои цврсто ја прегрнува својата кадифена играчка – орангутан.

Роден е во јули 2025 година, но мајка му го отфрлила набргу по раѓањето, па чуварите во зоолошката градина морале да се грижат за него. За да му ја олеснат тагата и чувството на напуштеност, му дале различни ќебиња и играчки, а тој го избрал токму кадифениот орангутан и го носи со себе насекаде.

Снимките покажуваат како Панч ја прегрнува својата играчка дури и додека спие, а понекогаш ја користи како штит кога другите млади мајмуни се груби кон него.

Во јануари успешно го запознале со друга група макаки (род мајмуни на кој му припаѓа), иако и понатаму останува приврзан за својот кадифен пријател додека постепено се социјализира.


Видеозаписите и фотографиите разнежнија многумина на мрежите, кои изразија колку ги допрела неговата приказна и колку им е тешко да останат рамнодушни гледајќи го како се прегрнува со играчката.

Ескпертите објаснуваат дека отфрлањето на младенчињата кај приматите може да биде последица на различни фактори, како што се неискуството на младите мајки или агресијата на доминантните животни, и дека човечката интервенција често влијае на раната сепарација.

Зоолошката градина продолжува да работи на тоа Панч безбедно да стане дел од својата група макаки.