Соло патничка откри: Ова се петте европски градови каде не се чувствував безбедно

Точка

17/02/2026

15:22

817

Големина на фонт

а а а

Соло патничката Сара Лим на социјалната мрежа ТикТок ги документира своите патувања низ светот, а откако посетила 24 европски земји, споделила едно неочекувано искуство.

Во објавата која привлече големо внимание таа издвоила пет европски градови во кои како што рекла, се чувствувала најранливо и најнесигурно како жена од азиско потекло.

„Пет градови во Европа каде не се чувствував безбедно (како Азијка) напиша таа во описот на објавата.


„Посетив неколку земји во источна Европа, на Балтикот и на Балканот и за жал заклучив дека западна Европа ми делуваше најнебезбедно“, истакнала таа.

Париз, Франција

Зборувајќи за непријатните ситуации во Париз, Лим рекла дека на првото патување во градот, ноќе ја следеле додека била сама. На последното патување како што тврди ја прогонувале група мажи иако била со уште пет пријателки. Додала дека таму често се среќавала и со крадци на чанти и џепчии.


Брисел, Белгија

Иако во Брисел не доживеала конкретен инцидент, Лим рекла дека не можела да се ослободи од чувството на непријатност, особено по стемнување.

„Бројни групи мажи ноќе се собираа во центарот на градот и тоа ми беше многу вознемирувачко“, објаснила таа. Нејзината загриженост дополнително ја засилила веста за студентка од Сингапур која таму била нападната.

Милано, Италија

Патувањето во Италија го започнала во Милано, каде, како што објаснила за малку станала жртва на измама во сместувањето.


Измамниците ги опишала како „многу убедливи“ токму поради тоа што ги имало повеќе. Истакнала дека ноќната прошетка во станбените квартови не делувала безбедно. „Морав да ги повикам пријателите да нè придружуваат мене и пријателката до сместувањето“, раскажала Ли.

Барселона, Шпанија

Во Барселона не се соочила со поголеми проблеми, но рекла дека постојано била „на штрек“ поради репутацијата на градот како место полно со џепчии.

„Од Еразмус колегите слушнав за грабежи и напади со нож“, истакнала таа.


Рим, Италија

Како што објаснила во Рим имала најмногу лоши искуства. „Делуваше најтуристички, па имаше најмногу улични измамници. Џепчиите и кражбите се вообичаени“, истакнала Лим.


Поделени искуства на други патници

Нејзиното видео поттикна многумина корисници да ги споделат своите искуства во коментарите.

Еден корисник се согласил со нејзината процена за Брисел. „Конечно некој го споменува Брисел. Живеев таму осум месеци и сите ме прашуваа зошто напуштив толку добра работа. Причината беше што буквално секогаш се чувствував небезбедно“.

Друг се осврнал на идеализирана слика за Париз. „Смешно ми е смешно кога го нарекуваат Париз град на љубовта, бидејќи сè што знам за него се напади со нож, прогонување и џепчии“.


Друга корисничка напишала: „И мене ме следеа во Париз среде бел ден додека бев сама. Белгија ноќе ми беше сомнителна, а успеавме и да спречиме еден џепчија“, додека друг корисник ги потврдил нејзините впечатоци за Италија и Франција. „Се согласувам целосно за Милано и Париз. На една моја пријателка ѝ ја украдоа чантата во воз во Париз, а во Милано има џепчии насекаде, некои можевме да препознаеме од далеку“.

Не се согласуваат сите

Сепак, не сите имале негативно искуство.

„Живеев во Париз и всушност се чувствував многу безбедно, освен во близина на Гар ди Нор. Се чувствував многу безбедно и во Рим. Но, секако, луѓето имаат различни искуства“, напишал еден корисник. Друг заклучил: „Бев во Париз еден месец и никогаш не се чувствував небезбедно или загрозено!“.