На Олимписките игри во Милано/Кортина денеска беа видени навистина неверојатни сцени, а во центарот на вниманието беше норвешкиот слаломец Атле Лие Мекграт, кој на драматичен начин остана без олимпиското злато.
Мекграт имаше одлична позиција – по првото возење беше прв со речиси две секунди предност, а како последен се спушташе во втората рунда.

Не му беше потребен голем ризик, туку само да ја задржи убедливата предност и да стигне до златото. Сепак, направи крупна грешка, излета од патеката и остана без пласман.
За разлика од другите натпреварувачи кои паднаа, Мекграт реагираше бурно и приреди сцени какви што ретко се гледаат. Тешко го прифати елиминирањето, па видливо ја изгуби контролата. Најпрво ги фрли стаповите длабоко во снегот, а потоа ја мина заштитната ограда и се упати кон шумскиот дел покрај патеката.

Камерите веднаш го следеа неговото движење. Кога стигна во шумата, легна во снегот и остана да лежи неподвижно сè додека не пристигна обезбедувањето. Дури ни тие не успеаја веднаш да го убедат да се врати во просторот предвиден за натпреварувачите, па извесно време остана во снегот.
Во целата ситуација најмногу профитираше Лоик Мејар, кој го освои златниот медал. Видеото можете да го погледнете на следниот линк.







