[ФОТО] Во сообраќајна несреќа загина познатата селекторка на Србија: Се враќала во рикверц, па налетала на шлепер

Точка

14/02/2026

14:10

1.127

Големина на фонт

а а а

Поранешната тенисерка и некогашна селекторка на Фед куп репрезентацијата на Србија, Татјана Јечменица (47), трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Според достапните информации, Јечменица управувала со автомобил кога, наводно, го промашила исклучувањето од патот. Потоа се обидела да се врати со возење наназад, по што на нејзиното возило налетал шлепер.


Нејзиниот сопруг, кој се наоѓал со неа, бил извлечен од автомобилот во свесна состојба, но поради тешки повреди на градниот кош бил ставен во индуцирана кома и лекарите се борат за неговиот живот.

Татјана Јечменица, за жал, починала за време на акцијата за спасување и извлекување од возилото, како што пренесе РТС.


Во текот на богатата играчка кариера освои шест ITF турнири во сингл и три во конкуренција на двојки, додека на WTA турнирите не успеа да стигне до титула. Настапи на сите четири Гренд слем турнири, а најдобриот резултат го оствари на Ролан Гарос, каде што во 1996 година стигна до второто коло. Најдобриот пласман во кариерата ѝ беше 72-то место на WTA листата во сингл.

Посебно ќе остане запаметена како селекторка на најуспешната Фед куп репрезентација на Србија во историјата, во генерацијата за која настапуваа Јелена Јанковиќ и Ана Ивановиќ.