Екипата на Лос Анџелес Лејкерс предводена од Леброн Џејмс оствари триумф над Далас Маверикс од 124:104 во една од трите средби кои рано утрово се одиграа во НБА лигата.
И без услугите на Дончиќ и центарот Ејтон, „езерџиите“ забележаа победа која беше на крилата на Џејмс, партија со која „кралот“ испиша нова страница во историјата.
Леброн постигна 28 поени со 10 скока и 12 асистенции и стана најстариот играч со остварен трипл-дабл учинок. Со 41 година и 44 дена го собори рекордот на Карл Мелоун кој имаше ваква партија со 40 години и 127 дена.
LEBRON JAMES MAKES HISTORY!
— NBA (@NBA) February 13, 2026
👑 28 PTS
👑 10 REB
👑 12 AST
He is the only player in NBA history to record a triple-double at age 41! pic.twitter.com/zGVySA4rfK
Покрај ветеранот се истакна и Хачимура со 21 поен, додека Ривс од клупата уфрли 18 кошеви. Кај поразените Маршал и Кристи реализираа по 19 поени.
На другите две соочувања, шампионот Оклахома беше изненаден на домашен терен од Милвоки (93:110) и Портланд како гостин ја доби Јута со 135:119.








