[ФОТО/ВИДЕО] Хорор во центарот на Сараево! Трамвај излета од шините – едно лице загина

Точка

12/02/2026

14:35

547

Големина на фонт

а а а

Во Сараево денеска се случи тешка сообраќајна несреќа кога трамвај излета од шините, при што едно лице загина.

Трамвајот, кој сообраќал од правец на Железничката станица кон Башчаршија, излетал од шините на раскрсницата кај Земалскиот музеј и завршил на коловозот.

Според првичните официјални информации од МВР на Кантонот Сараево, едно лице загинало, а две се повредени. 

„Во трамвајската несреќа на подрачјето Центар, смртно настрада едно лице. Две лица се повредени, според моменталните податоци. Известен е обвинител“, потврди портпаролката на МВР Мерсиха Новалиќ.

Голем број полицајци и пожарникари се на терен, додека Итната помош со повеќе возила ги пренесе повредените на хоспитализација.

Како што може да се види на фотографиите и видеоснимките, поради излетувањето на трамвајот од шините речиси целосно е уништена трамвајската станица.