Црни вести пристигнуваат од Сараево, каде што едно лице загина, а повеќе се повредени кога трамвај, под сè уште неутврдени околности, излета од шините во близина на американската амбасада.
На местото на настанот веднаш пристигнале бројни екипи на Итната медицинска помош, кои ги транспортираа повредените во болница, а лекарите се борат да ја спасат ногата на девојче кое е тешко повредено.
И додека бројни граѓани во шок застанувале да видат што се случило, вознемирени поради блокадата и полициските ленти, некои, барем така изгледа, ја искористиле приликата да позираат.
Имено, на снимката што ја објави „Avaz“, се гледа жена со руса коса како ја преминува улицата недалеку од местото на трагедијата. Во прв момент изгледа како загрижена граѓанка која во движење набљудува што се случува во нејзина близина.
Меѓутоа, набргу во кадарот влегува и младо момче, кое во раката држи камера и ја следи чекор по чекор, снимајќи го нејзиното одење, но и сцените на ужас во позадина. Многумина помислија дека најверојатно станува збор за новинар кој се обидува да ја сними сцената од местото на настанот, на која се гледаат и случајни минувачи, но последните моменти од снимката речиси го демантираат тоа.

Имено, жената во еден момент се врти, момчето ја спушта камерата, а таа љубопитно гледа во неа, како што тоа го прават луѓето откако, на пример, позирале на некоја популарна туристичка дестинација, па ги интересира како „испаднала фотографијата“. Останува да се види дали станува збор за новинарка или за случајна минувачка која „сакала да го искористи моментот“.
Снимката во секој случај предизвика голема бура на социјалните мрежи, каде што бројни граѓани го осудија нејзиното однесување.
„Бедна е, ниту има емпатија, ниту човечност. Зарем е можно да не ја допира смрт?“, „Ова е страшно, во што се претворивме“, „Зошто полицијата не ја опомене?“, се само дел од коментарите на снимката.













