Фудбалскиот ментор на Ѓулер шокира со изјавата: Арда доживува мобинг во Реал од соиграчите!

Дерби

12/02/2026

11:57

546

Големина на фонт

а а а

Арда Ѓулер имаше тешка адаптација во Реал Мадрид и мораше силно да се бори две сезони пред да стане редовен стартер, но и во ситуација кога е се почесто сигурен во почетните 11, често знае да биде прва измена на тренерите.

Офанзивниот фудбалер се уште не го достигнал врвот во „кралскиот клуб“ и се уште е во потрага по вистинска кохезија со соиграчите, доста внимание привлече изјавата која ја даде неговиот ментор, Серхат Пекмечи.

Човекот кој му го овозможи трансферот во Фенербахче открива дека Арда наишол на мобинг од страна на соиграчите во Реал Мадрид, а токму тоа придонелно да има бавна и долга адаптација во шпанската престолнина.

– Од тоа што го знам, Арда бил вознемируван од соиграчите во Реал Мадрид. Таму има група на луѓе која не може да го проифати Арда. За жал, во такви клубови има играчи со многу големи ега.

– Иако Реал Мадрид е мега клуб, Арда страда од мобинг, вознемируван е на работното место и добро сум упатен за тоа. Не дека ми се пожалил тој лично, но и самиот знаеше дека може да дојде до тоа. Му реков да биде трпелив и да го почека своето време, – вели Пекмечи во интервју за „Спортс Дигитал“.