Матиќ за целта на Вардар: Да продолжиме онаму кадешто застанавме

Дерби

11/02/2026

13:35

239

Големина на фонт

а а а

Вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига стартуваше со дерби победа на Шкендија над Струга, а тоа му остава простор на Вардар да направи поголема предност како лидер на табелата.

Првопласираниот тим на табелата го почнува пролетниот дел од шампионатот со дуел против Арсимим, пресметка на која влегува како апсолутен фаворит, но без нималку доза на потценување на ривалот.

Вардарци можат да отидат на „плус четири“ на премиерата на вториот дел од сезоната, а дефанзивецот Мислав Матиќ предупреди дека тој и неговите соиграчи ќе треба да обрнат посебно внимание на контрите на Арсими.

– Конечно започнува пролетниот дел од сезоната. Играме против Арсими, а преку анализата видовме дека се многу непријатен противник кој може да изненади со контранапади. Но, ние сме фокусирани на нашата игра, напорно работевме и се подготвувавме за овој дел од сезоната, со цел да започнеме што е можно подобро, а тоа, секако, е победа.

– Се разбира, го почитуваме Арсими и нема место за потценување. Ќе дадеме сè од себе за да ја отвориме полусезоната во позитивно светло, да оствариме победа и да продолжиме каде што застанавме – чекор по чекор кон целта, – изјави Матиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Арсими се игра од 13 часот на комплексот на ФФМ.