Ла Лига: Столе имаше голманска егзибиција во првото полувреме против Реал

Дерби

09/02/2026

13:25

1.654

Големина на фонт

а а а

Столе Димитриевски прикажува се подобри партии на голот на Валенсија, но во последните осум дена доживеа навистина непријатни удари, заедно со соиграчите кои претрпеа три порази од низа.

По несреќниот пораз од Бетис на гостувањето на „Ла Картуха“, следеше елиминација од Атлетик Билбао во Копа дел Реј, а синоќа Валенсија на домашната „Месталја“ претрпе пораз и од Реал Мадрид во големото шпанско дерби (0:2).

Валенсија долго се држеше и одолеваше на нападите кои ги имаше фаворитот, но на крајот потклекна и мораше да се помири со нов неуспех во кој најдобар поединец на „лилјаците“ беше Столе Димитриевски.

Македонскиот чувар на мрежата ја одржуваше Валенсија во игра, а ниту Ла Лига не ги заборави неговите одлични потези во првото полувреме.

Столе имаше доста работа во овој период од играта, па со добра поставеност успеа да спречи чисти голови на младиот Давид Хименес и на Килијан Мбапе.

– Голманска егзибиција од Столе на Валенсија – Реал Мадрид, – порачаа од Ла Лига.