Крадци развиле нов метод за кражба на автомобили. Не излегувајте од возилото доколку ви се случи ова!

Точка

08/02/2026

12:21

4.096

Големина на фонт

а а а

Крадците развиле нов, исклучително итар метод за кражба на автомобили кој се потпира на невниманието и брзата реакција на возачите.

Наместо класични алати или технологија, користат предмет што речиси секој го има во кујната – јајце.

Методата се појавила во неколку градови

Ова наизглед безопасно нешто може да предизвика хаос, да го збуни возачот и да создаде совршена можност за брза кражба на возилото или вредни предмети од неговата внатрешност. Методата веќе се појавила во неколку градови и покажува неверојатна креативност на криминалците.

Криминалците избираат мета и во моментот кога возачот ќе седне во автомобилот или се подготвува да тргне, фрлаат јајце на ветробранското стакло.


Клучна грешка е вклучувањето на бришачите

Клучната грешка што возачите тогаш ја прават е вклучувањето на бришачите.

Кога јајцето ќе се измеша со течноста за стакло и ќе се размачка со бришачите, се создава густа, млечна дамка која целосно ја блокира видливоста. Во паника и хаос, возачот обично излегува од автомобилот за да го исчисти стаклото, често оставајќи го моторот вклучен или клучевите во бравата.

Тоа е моментот што крадците го чекаат за да влезат во автомобилот и да побегнат.

Овие кражби најчесто се случуваат на големи паркинзи кај трговски центри, бензински пумпи или послабо осветлени улици.


Не излегувајте веднаш од автомобилот

Најважното правило е: не излегувајте веднаш од автомобилот. Ако јајце удри во стаклото, не користете бришачи бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата.

Наместо тоа, продолжете да возите (доколку видливоста е барем минимална) до најблиското безбедно и осветлено место, како полициска станица или бензинска пумпа, пренесува „Raport“.

Исто така, автомобилот секогаш држете го заклучен додека возите, а клучевите никогаш не ги оставајте во возилото, дури ни на секунда додека сте пред него.