Руската вакцина против рак излегува од лабораторија – првиот пациент е од Србија

Точка

07/02/2026

10:35

1.066

Големина на фонт

а а а

Историјата на онколошката медицина наскоро може да добие нова страница – првиот пациент во светот што ќе се лекува со руската персонализирана вакцина против рак е пациентка од Србија. Станува збор за Јована Алексиќ, која боледува од меланом со метастази, една од најагресивните форми на рак на кожа.

Информацијата ја соопшти д-р Сергеј Бољевич, шеф на Катедрата за патологија на Сеченовскиот универзитет во Москва, кој за агенцијата „Спутник“ изјави дека терапијата ќе започне во рок од еден до два месеца. Според него, не станува збор за клиничко испитување, туку за реален терапевтски третман.

Подготовката на вакцината ќе започне веќе од понеделник на Институтот „Гамалеја“, а секоја доза ќе биде изработена исклучиво за конкретниот пациент. Одлуката првиот третман да се спроведе кај пациентка од Србија, како што посочи Бољевич, е донесена поради добрите билатерални односи меѓу Русија и Србија, пренесува Пари.


Иако паралелно се работи со уште десетина пациенти, српската пациентка ќе биде првата што ќе започне ваков тип лекување. Засега, руските здравствени власти дозволиле примена на вакцината само кај меланом и рак на белите дробови, додека за други видови карциноми, меѓу кои и ракот на дојка, одобрението сè уште се очекува.

Вакцината е развиена со помош на вештачка интелигенција, која ги анализира карактеристиките на туморските клетки и создава терапија што му помага на имунолошкиот систем прецизно да ги препознае и уништи канцерогените клетки, без оштетување на здравото ткиво.


Според Бољевич, досегашните резултати покажуваат ефикасност од околу 95 проценти. Тој додава дека пациент кој успешно ќе се излечи од меланом со оваа вакцина, нема повторно да развие ист облик на рак.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.