Шефот на иранската дипломатија: САД го бомбардираат Иран од инает

Макфакс

04/03/2026

22:11

199

Големина на фонт

а а а

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагачи, денес го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека го бомбардира Иран „од инает“.

„Кога сложените нуклеарни преговори се третираат како трансакција со недвижнини, а кога големите лаги ја прикриваат реалноста, нереалните очекувања никогаш не можат да се исполнат. Резултат? Бомбардирање од инает“, напиша Арагачи на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека Трамп „ја предал дипломатијата и Американците што го избрале“.