[ВИДЕО] Бил изнервиран зошто на братучед му му ја одзеле колата: Се закануваше со убиства, па му се извини на државниот врв – Нема да се повтори!

Нетпрес

06/02/2026

11:06

911

Големина на фонт

а а а

Рафет Мемишовски, човекот што се закануваше со убиства на протестите, синоќа се извини за заканите преку видео на социјалните мрежи. Кажа дека бил изнервиран бидејќи полицијата го земала возилото на братучед му, бидејќи немал возачка дозвола.

Тој на протест се закани со тепачки и убиства поради одземањето на возилата на тие што ќе возат без возачка дозвола.

Мемишовски вели дека направил грешка и дека тоа нема да се повтори.

– Се извинувам пред цела влада и цело министерство, премиерот, претседателот што направив грешка и што се заканив. Ова нема да се повтори уште еднаш. Бев изнервиран зашто на братучед ми му ја зедоа колата, под стрес бевме сите, правевме штрајкови. Се извинуваме. Ова нема да се случи уште еднаш и нема да се повтори. Нема да се закануваме повеќе – вели Мемишовски во видеопораката.

Ромите од Битола, Штип и од Прилеп неделава во повеќе наврати протестираа со блокади и бараа да се укинат законските измени со кои ако возач се затекне без возачка дозвола ќе му се одзема возилото.