[ВИДЕО] Хуманоидниот робот Алaдин е првиот во светот кој направи 130.000 чекори на -47 степени

Точка

05/02/2026

18:31

402

Големина на фонт

а а а

Кинескиот производител на хуманоидни роботи, „Унитри“ (Unitree), постигна голем напредок во автономното движење на роботи, испраќајќи го својот Г1 (G1) робот во екстремно снежно подрачје на Алтај во Синџијанг.

Роботот автономно помина над 130.000 чекори на температури до -47,4 степени Целзиусови, цртајќи амблем на Зимските олимписки игри на ледот, на површина долга 186 метри и широка 100 метри, пишува „Хуманоидс дејли“.

За да го заштитат од екстремниот студ, инженерите го облекле во надуена портокалова „јакна“ и додале пластични облоги на нозете за заштита на зглобовите, моторните механизми и батеријата. Г1 користел сателитска навигација Беидоу (Beidou) за прецизно позиционирање, а адаптивните алгоритми овозможиле стабилно движење по нерамниот и заледен терен.

Г1 е висок 127 см, тежи околу 35 кг и има 23–43 моторни зглобови, со максимален обрт од 120 Нм (Nm). Опремен е со 3Д ЛиДАР (3D LiDAR), Интел Риалсенс (Intel RealSense) камера и микрофони за гласовна контрола. Батеријата од 9.000 mAh овозможува до два часа автономна работа и поддржува брза замена. Роботот работи на сопствен систем УнифоЛМ (UnifoLM) и поддржува учење со потврда за контрола на движењето.

Овој подвиг го поставува Г1 како прв хуманоиден робот со одржливо автономно движење во екстремни температури, истакнувајќи ја важноста на отпорноста на природни услови во индустријата на хуманоидни роботи. „Јунитри“ (Unitree) пријави дека во 2025 година испорачал повеќе од 5.500 единици, а Г1 е достапен на кинескиот пазар по цена од околу 14.240 долари.