Иако „Apple“ ќе го претстави „iPhone Fold“ дури во септември, веќе сега се знаат доволно информации кои помагаат во визуелизацијата на овој уред.
Веќе со недели се зборува за спецификациите и дизајнот на првиот склопив мобилен телефон на „Apple“, кој би требало да биде претставен во септември, а сега се појавија и некои поконкретни детали.
Имено, според кинескиот аналитичар "Instant Digital" и неговата објава на „Weibo“, „iPhone Fold“ би требало да има копчиња за јачина на звукот поставени на горниот десен раб, слично како кај „iPad Mini“. Наводно, причината за тоа е положбата на матичната плоча на десната страна, при што „Apple“ одлучил да избегне спроведување кабли кон левиот раб.

На десниот раб на уредот би требало да се наоѓа и копчето за вклучување со интегриран „Touch ID“, како и „Camera Control“. Од другата, левата страна, нема да има никакви копчиња.
Понатаму, од предната страна се очекува една камера, додека задната страна ќе има две камери сместени во издигнат модул во стилот на „iPhone Air“, заедно со LED блиц и микрофон. Интересно е и тоа што задниот модул со камери би требало да биде целосно во црна боја, со што визуелно ќе се издвојува од остатокот од куќиштето, наместо да ја следи неговата боја.









