Лапорта за обидите на Мбапе да изнуди пенал: Се фрла во базен

Дерби

03/02/2026

12:01

169

Големина на фонт

а а а

Угледниот каталонски весник „Мундо Депортиво“ прослави 120 години од своето постоење, а на свечената гала-вечер беа присутни и важни членови од Барселона.

Жоан Лапорта како прв човек на клубот не можеше да ја пропушти церемонијата, но исто така, имал и урнебесен момент со новинарите кои биле присутни на настанот.

По колото кое се одигра во Ла Лига изминатиот викенд, разликата на табелата меѓу Барселона и Реал Мадрид остана на само еден бод, но „кралевите“ победија во тешки околности и со гол од пенал постигнат во 100-та минута.

Килијан Мбапе на крајот дочека да шутира пенал откако имаше неколку обиди да изнуди најстрога казна, па Лапорта добил прашање и за театралните падови на Французинот на натпреварот против Рајо.

– Се фрла во базен…